Friday, July 29, 2011

Неправедноста и лажното лице на другите

Животот е кучка? А што и фали на кучката кога знаеме дека е најдобар пријател на човекот? Дали имаме вистински пријатели?

Сите ти се „лижат“ дур имаат корист, а потоа те газат како килим кој веќе е одмана заборавен во аголот на собата и се тресе само по потреба. Длабоко во себе веруваш дека си силен, а навистина ќе станеш кога ќе те згази неправдата која е се поприсутна меѓу нас. Отсекогаш постоеле и ќе постојат, хиени кои тивко и без да осетиш ќе те убиваат полека.

Точно е дека тие хиени се мнозинството кое секогаш победува. И да треба да биде задоволена неправдата, ќе остане сепак неправда ако глутницата неправедни луѓе те осудат за виновен.

Секогаш победува мнозинството, секогаш избива групата над поединецот. И тоа е во ред но не во неправедни ситуации како што се случува се почесто кај нас.

И камчето кога е само на асфалтот ќе успееш да го шутнеш. Додека на брегот од плажата не си ни свесен дека газиш на милиони такви камчиња а сепак ги креваш нозете, за да не се сопнеш. И тука е поентата, дека песокот од камчиња може полесно да те сопне ако не внимаваш отколку едно камче на асфалтот кое можеш да го шутнеш во неповрат...

Исто како и камчињата, треба да ги прескокнеш и заобиколиш и оние луѓе кои те имаат на мета за да те погодат со стрелката за пикадо право во центарот на твојата душа, правејќи се дека им значиш со нивната лажна насмевка и длабоко маскиран злобен поглед, за кога ќе ја извадат стрелката од центарот, да ти остават вечна лузна...дупка, празнина.

Ти и понатаму остани да бидеш пикадото во кое ќе стрелаат сите но кое веќе нема да можат да го погодат бидејќи нема да биде веќе прикачено за шајка и виси за ѕидот. Ти ќе ги заобиколиш тие отровни стрелки со цврстината на твојот карактер, за на крај тие да стрелаат право ви ѕидот...во празнината...

Секогаш ќе постојат лажни пријатели кои ќе те убиваат полека но биди сигурен како да пристапиш од почеток кон нив. Секогаш ќе има луѓе кои ќе создаваат кај вас позитивна атмосфера, и луѓе кои ќе создаваат негативна атмосфера и ќе ви бидат одбивни, па ќе треба вие самите да одлучете кој навистина е тој што ви одговата на вас.

Многу, многу се ретки, скоро и исчезнуваат, тие што навистина ви се верни и имате а и тие имаат доверба во вас, пријатели на кои можете да им кажете се за вас и тие да ви кажат се за нив, и да си бидете столб на кој можете да се потрете секогаш.

И почнав со животот е кучка, така и ќе завршам, бидејќи ако животот е кучка тогаш знаејќи дека кучето е најдобар пријател на човекот и животот е исто така најдобар пријател на човекот , само треба да го изживееме за да сватиме која цел сакал да ни ја наметне и да ја постигниме за на крај да ја научиме лекцијата. Животот е низа на часови кои мора да се изживеат за да се научат.

За човекот да ви стане најдобар пријател, прво влезете му во душата и истражете го внатрешно, како што клукајдрвецот копа во стеблото барајќи црв ако претпоставиме дека црвот е нашата душа.

Пријател! Другар! Пријател! Другар! Пријател! Брат!

Ако сакате правите разлика меѓу зборовите ако не, не морате. Разликата на збор како збор и неговото значење и не е толку битно во однос на тоа што го чувствуваме во нас и не возвишува, па така се чувствуваме добро имајќи го навистина вистинскиот пријател до нас.

No comments:

Post a Comment