Различни лица, сегде ме демнат,
огледални одрази, небото го темнат...
Безредие, хаос, на сите страни,
секој од секого, со зло се храни.
Светлина, ронка, бара спас,
има ли надеж за светов наш?
Темнината црна, како сенка не следи,
има ли да се живее за нешто што вреди?
Танцот на сегашноста го игра злото,
љубовта и почитта се заробени под тлото...
Зошто секој за секого зборува,
кога одразот свој во огледало му се разгорува...?
Не обрнуваме внимание на нашата душа,
да ги исчистиме гревовите со кои сме полни до гуша...
Нашиот живот од туѓите се храни,
Тој е гладен за нивните мани.
Нашиот живот од туѓите се состои,
несвесно знаејќи дека за себе постои...
Зарем животот наш е игра тажна,
во која победници се сите, а целта лажна?
Проклета да е онаа маска,
што на сите лицата им ги драска...
Ретки се тие лица чисти,
што во своето срце ќе останат исти.
Но, „јо-јо“ ефектот ко одраз ќе блесне,
и кога најмалку очекуваш тој в лице ќе те плесне...
За се лошо, со лошо ќе ти врати,
и убавите моменти за миг ќе ти ги скрати...
Тогаш ќе сватиш дека животот твој,
не е ништо поразличен, од друг било кој...
No comments:
Post a Comment